дома Економија Зголемен бројот на работници во индустријата за 2,4 отсто

Зголемен бројот на работници во индустријата за 2,4 отсто

126

Бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на септември лани, е зголемен за 2.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.1 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата, бележи пораст кај Капитални производи за 15.7 %, опаѓање бележи кај Енергија за 4.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %, додека кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од 2022 е поголем за 1.1 отсто.



ПредходнаБугарската такса за рускиот гас ќе ги зголеми цените на струјата и затоплувањето за 20 проценти
СледнаБугарската такса за рускиот гас е непримерна, ако треба ќе одиме на меѓународен суд, вели Ковачевски