дома Магазин Мемоарите на Метју Пери е најпродавана книга на „Амазон“

Мемоарите на Метју Пери е најпродавана книга на „Амазон“

47

Мемоарите на Метју Пери под наслов „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ (Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing) ги надминаа „Жената во мене“ (The Woman in Me) на Бритни Спирс – само неколку дена по неговата смрт.

Мемоарите на глумецот, коишто беа објавени во ноември 2022 година, се искачија на првото место на листата најпродавани книги на „Амазон“. По Спирс, трета е книгата „Железен пламен“ (Iron Flame), а четврта – „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) по којашто е снимен истоимениот филм што почна да се прикажува во кино во октомври.

Метју Пери

Во својата книга, Пери говори за својата битка со зависноста, како и дека потрошил милиони долари за лекување. Одел на рехабилитација 15 пати. Во една прилика, тој изјави дека не му било тешко да ги напише мемоарите.

– Не е тешко да се напише книга. Потешко е да се прочита, бидејќи си велиш „Уф, ова е ужасна приказна“. Но, има и хумор што се провлекува низ неа, рече глумецот за „Пипл“.

Комичарот се присетува и на своите љубовни врски, како и снимањето на хит-хумористичната ТВ-серија „Пријатели“, но и тоа како за малку ќе починел на 49-годишна возраст… Кога пред пет години дебелото црево му пукнало поради предозирање со опиоиди, на неговото семејство му кажале дека Пери има „два отсто“ шанси да преживее.



ПредходнаПромоција на збирката „Стражари на ноќта“ од Марија Митева
СледнаБугарија сама решава како ќе ги користи приходите од таксите за транзит на рускиот гас