дома Магазин Промоција на збирката „Стражари на ноќта“ од Марија Митева

Промоција на збирката „Стражари на ноќта“ од Марија Митева

44

Во Мала станица вечер ќе биде промовирана збирка поезија „Стражари на ноќта“ од Марија Митева, во издание на „Полица“, која содржи 24 песни, пред сè, поврзани со Скопје.

Во соработка со седуммина други уметници, Митева овие песни ги има претворено во нова, хибридна форма што таа ја нарекува изложбена поезија. Збирката се состои од 24 постери, на кои е илустрирана по една од песните и наместо меѓу корици како книга, сместена е во папка.

Илустрациите ги потпишуваат седуммина уметници од визуелната уметност, сликари, вајари, дизајнери, илустратори: Зоран Кардула, Владимир Мартиновски, Александар Стојчевски, Катерина Јовчевска, Филип Ивановски – Пепе, Филип Мартиновски и Ања Ангеловска. Уметниците работеа со четирите „бои на ноќта“ и преку своите илустрации имаа предизвик да го претстават своето видување на различните теми на песните.

„Стражари на ноќта“ е прва збирка поезија на Марија Митева (1995). Пред три години таа ја објави својата прва збирка раскази „Највисокото дно“, исто така во издание на „Полица“.



ПредходнаАктивно семејство, среќно семејство! | NetPress
СледнаМемоарите на Метју Пери е најпродавана книга на „Амазон“