дома Свет Тринаесет војници загинаа денеска во борбите со Хамас

Тринаесет војници загинаа денеска во борбите со Хамас

47





Тринаесет израелски војници се убиени во борбите со исламистичката милитантна група Хамас во Појасот Газа, соопшти израелската Армијата.

„Тие беа убиени денеска на северот од затворениот крајбрежен појас“, објави војската.

Двајца војници загинаа во борбите вчера, со што вкупно загинаа 15 војници откако Армијата го прошири распоредувањето на копнените трупи во Појасот Газа.

Израелската Армија со недели ја бомбардира Газа и воведе нова фаза од војната против Хамас, со започнување постојани копнени операции викендов.

„Паралелно, воздушните и поморските сили спроведуваа операција напаѓајќи десетици други цели на Хамас“, соопшти војската.

МИА

– Реклама –








ПредходнаРегионот нема да биде безбеден сè додека нашиот народ не е слободен и сè додека не се врати на својата земја
СледнаЈанкулоска излезе од „Идризово“, од денеска е на условно