дома Магазин Активно семејство, среќно семејство! | NetPress

Активно семејство, среќно семејство! | NetPress

51

Да се интегрираат физичката активност и активните животни навики како дел од секојдневната семејна рутина за да се подобри благосостојбата на семејството е главна цел на проектот „Активна фамилија“.

Овој проект се реализира во рамки на Еразмус плус програмата од 01.12.2022 до 30.11.2023. Во оваа насока, на 24 септември 2023 година на арената „Тодор Проески“ се одржа двочасовна рекреација и дружење на повеќе од десет семејства со повеќе од 50 учесници.

Проектот е наменет за семејства и семејства со телесно попречени членови кои се поттикнуваат да прифатат спортски активности и да ги вклучат во секојдневниот живот. Со заедничко вежбање, сите членови на семејството може да го подобрат своето здравје и благосостојба.

„Активна фамилија“ е проект дизајниран да ја шири спортската култура за сите, кој придонесува за инклузија преку обезбедување можности за лицата со попреченост да се вклучат во физичка активност заедно со нивните фамилии. Главните резултати кои произлегуваат од овој проект се издаден Водич за адаптирање и модифицирање на спортот за фамилии и членови на фамилии со попреченост и Видео колекција на вежби за фамилии, што вклучуваат и лица со попреченост.

Партнер организации на проектот се Сојузот на истражувачи на Македонија, заедно со Атлетската Федерација на Македонија и Смарт Идеа и Универзитетски спортски Сојуз од Марибор, Словенија.



ПредходнаЕкслузивно: Откриваме кој револуционерен уред пристигнува во Македонија
СледнаПромоција на збирката „Стражари на ноќта“ од Марија Митева