дома Македонија Заслужуваме да бидеме европски граѓани овде дома, да живееме и да се...

Заслужуваме да бидеме европски граѓани овде дома, да живееме и да се однесуваме европски

57





Премиерот Димитар Ковачевски денеска, од обраќањето во Стопанската комора по повод Националниот ден на осигурувањето, 1 Ноември, уште еднаш порача дека земјава заслужува да биде дел од ЕУ.

Европската иднина е пред нас, рече премиеот.

„Развивањето на свеста за обезбедување сигурност преку договорите за осигурување е дел и од политиката на ЕУ. Во таа насока, секоја заложба во овој правец е со цел обезбедување економска стабилност, сигурност и благосостојба на граѓаните и компаниите. Европската иднина е пред нас и преку оваа индустрија. Тоа пред два дена јасно и гласно ни го порача претседателката на Европската комисија, која при нејзината посета порача дека ние заслужуваме да станеме дел од Европската Унија. Затоа, уште еднаш од овде сакам да порачам дека членството во ЕУ се базира на концептот на заслуги. Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ, а сите ние заслужуваме да бидеме европски граѓани, овде дома тука во нашата држава. Да живееме европски и да се однесуваме европски. Нашите млади луѓе, нашите деца и сите наши граѓани го очекуваат тоа од нас“, рече Ковачевски.

Европската иднина, повтори тој, мора да се обезбеди, пред сè за младите.

– Реклама –








ПредходнаМитот за Израел е урнат, милиони низ целиот свет се подготвени да се борат за Палестина
СледнаБајден ќе стави вето на нацрт-законот за помош на Израел доколку во него не е вклучена Украина