дома Македонија Црна хроника Акции на финансиската полиција во повеќе градови – како резултат од повеќемесечната...

Акции на финансиската полиција во повеќе градови – како резултат од повеќемесечната предистражна постапка за „Синџир“


Управата за финансиска полиција денеска информира дека во текот на оваа недела спровела акции во повеќе градови низ државата, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.

– Дополнително сакаме да ја известиме јавноста дека првопријавениот кој воедно е еден организаторите на злосторничкото здружување, е обезбеден од страна на Управата за финансиска полиција, изведен пред суд при што од страна на Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.



ПредходнаЗатворањата и ограничувањата за време на пандемијата оставија трајни ефекти врз мозокот на луѓето постари од 50 години
СледнаТелеком Србија втора година по ред најголема и најуспешна компанија за телекомуникации во регионот