дома Економија Емисиите на цврсти честички од Макстил три пати пониски од дозволените гранични...

Емисиите на цврсти честички од Макстил три пати пониски од дозволените гранични вредности

55

Мерењата на емисионите вредности на цврсти честички од Макстил се во постојано опаѓање и за трипати пониски од дозволените гранични вредности. Ова се потврдува во секој квартален извештај што го објавува компанијата, а истото се покажа и во резултатите од мерењата за третиот квартал од годинава.

Мерењата се спроведуваат на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и континуирано работи. Параметрите и вредностите според кои се прават мерењата се соодветни на параметрите од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во овој период на мерната точка „Оџак на пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3, најниска вредност е измерена во август и изнесува 4,83 mg/Nm3, а највисока во јуни со измерени вредности од 11,91 mg/Nm3 што е една третина од граничната дозволена вредност. На втората контролна точка „Оџак од филтер постројка“ најниската измерена вредност е во април и изнесува 0,15 mg/Nm3, а највисоката е во февруари со 7,82 mg/Nm3. На оваа мерна точка пропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3 и највисоката измерена вредност повторно е една третина од граничната. Вредностите на емисиите од двата оџаци на Макстил се пониски и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

Континуираното намалување на емисионите вредности е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за унапредување на производството и е согласно општествено одговорниот однос кон заедницата за заштита на животната околина.

Во продолжени на ова соопштение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички во периодот од јануари до септември, 2023 година.

Емисиони вредности на цврсти честички од емисиона точка А1.1. – Оџак од филтер постројка, за периодот јануари – септември 2023

Емисиони вредности на цврсти честички од емисиона точка А13 – Оџак од пескара за периодот јануари – септември 2023



ПредходнаТрендафилов: Со грижата за вработените и нивната благосостојба, САСА е пример кој треба да го следат и останатите компании од домашната индустрија
СледнаЗатворањата и ограничувањата за време на пандемијата оставија трајни ефекти врз мозокот на луѓето постари од 50 години