дома Македонија Црна хроника Уапсена малолетничка од Мала Речица, полицијата во нејзиниот дом пронашла дрога

Уапсена малолетничка од Мала Речица, полицијата во нејзиниот дом пронашла дрога


Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 23:05 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово лишиле од слобода малолетничка од село Мала Речица, тетовско, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

-Малку подоцна, во координација со ОЈО Тетово бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетничката и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.



ПредходнаУметничка изложба на Борче Богоевски и Татјана Ристовска во Домот за култура во Ѓорче Петров
СледнаСкопјанка им ги искршила лифтот и телефонот и се заканила на друга жена на Бит Пазар