Home Црна хроника Приведен криумчар на мигранти, пронајдени девет лица од Сирија

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени девет лица од Сирија

96
0

Денеска (06.11.2023) околу 17:00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Р.А.(50) од Скопје.

Лицето било забележано како во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти. Набргу, возилото било запрено и во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија.

Р.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Previous articleПред неколку недели е доставен нов список за воена помош во Украина, Генералштабот го разгледува
Next articleВечерва едно лице го загуби животот на магистралниот пат Битола-Ресен

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here