Home Свет Блинкен инсистира на јасен став на Г7 за судирот меѓу Хамас и...

Блинкен инсистира на јасен став на Г7 за судирот меѓу Хамас и Израел

109
0





Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги повика министрите на земјите од Г7, кои се среќаваат во Токио, да изразат јасен став за конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Ова е многу важен момент во врска со оваа криза и Г7 мора јасно и едногласно да се изрази, изјави Блинкен пред средбата со јапонскиот колега Јоко Камикава и вечерата со министрите за надворешни работи на земјите од Г7.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Г7 денеска и утре одржуваат средба во Токио.

На состанокот ќе се разговара за конфликтот меѓу Израел и Хамас, војната во Украина, како и други прашања од Кавказ до Азија и Пацификот.

МИА

– Реклама –








Previous articleАмериканска воена поддршка за Израел во вредност од 320 милиони долари
Next articleЕК ќе предложи старт на преговорите со Украина и Молдавија, а можеби и со БиХ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here