Home Економија Доларот расте, во пад цените на нафтата

Доларот расте, во пад цените на нафтата

146
0

На валутните пазари американскиот долар зајакна во однос на кошницата валути, додека цените на нафтата бележат пад.

Индексот на доларот, која ја искажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување се движи околу 105,36 поени, додека во истиот период вчера изнесуваше 105,07 поени.

Притоа, курсот на доларот во односот на јапонската валута порасна од вчерашните 149,55 на 150,20 јени. Американската зајакна и во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0710 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваш 1,0725 долари.

Цените на нафтата, пак, претладнево се во пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,67 отсто, на 84,60 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,62 отсто, на 80,30 долари.



Previous articleСообраќајка на патот Струмица – село Костурино
Next articleЕвропските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here