Home Македонија ЕУ мора да им понуди кредибилен пристапен пат на кандидатите за членство

ЕУ мора да им понуди кредибилен пристапен пат на кандидатите за членство

59
0

На кандидатите за членство во ЕУ мора да им понуди кредибилен пристапен пат кој ќе донесе резултати во реформскиот процес и ќе го затвори економскиот јаз, изјави денеска европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархеји.

Во објава на мрежата „Икс“ по обраќањето до амбасадорите на ЕУ, Вархеји рече дека проширувањето стана стратешки одговор на Унијата за да се донесе мир, стабилност и просперитет во фрагментираниот свет.

Вархеји денеска говореше на годишната Конференција на амбасадорите на ЕУ, што се одржува од 6 до 10 ноември во Брисел.

На конференцијата учествуваат амбасадори на ЕУ од 145 делегации и канцеларии на ЕУ ширум светот, како и шефови на воени и цивилни мисии на ЕУ и шефови на претставништва на Европската комисија од сите 27 земји-членки.

На седниците се разговара за надворешната политика на ЕУ во новата геополитичка ера, иднината на безбедноста и одбраната на ЕУ, проширувањето и комплетирањето на Унијата, Глобалната порта на ЕУ, одговорот на ЕУ на кризи, подемот на Кина, борбата против климатските промени и зелената транзиција…

МИА

– Реклама –

Previous articleПодготвени ли сте за претстојните ракометни возбуди? Европското првенство во ракомет ексклузивно на Арена спорт каналите
Next articleНад 160 здравствени работници починаа на должност во Газа

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here