Home Економија Формирана Комисија за спроведување постапката за избор на универзален снабдувач на струја

Формирана Комисија за спроведување постапката за избор на универзален снабдувач на струја

143
0

Владата денеска донесе решение за формирање на Комисија за спроведување на постапка за избор на универзален снабдувач на електрична енергија.

Комисијата, како што стои во соопштението од владината прес-служба, треба да ја спроведе целокупната постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија по пат на јавен повик, односно да го подготви јавниот повик, тендерската документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите. Комисијата ќе треба да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач или предлог за поништување на постапка.

– Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија, велат од Владата.



Previous articleЛидер на Хамас одби да признае дека убивале цивили во Израел
Next articleСтавањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here