Се очекува наскоро да бидат објавени резултатите од анализата, како и нивно испраќање до ДОРХ и Државниот инспекторат.
Инаку, „Кока-Кола“ потврди дека според решението на Државниот инспекторат на Република Хрватска, привремено повлекува една половина литарска серија Coca-Cola Original Taste во пластична амбалажа и две ограничени серии Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate од 330 милилитри во стаклена амбалажа.„Согласно усното решение на Државниот инспекторат, привремено повлекуваме една серија газиран пијалок Coca-Cola Original Taste од 500 ml во пластична амбалажа, произведен на 11 октомври 2023 година со рок на траење до 11 април 2024 година“, стои соопштение од компанијата „Кока-Кола“ Хрватска, пренесува „Хина“.