дома Свет Подготвени сме да дејствуваме како гарант во решавање на војната помеѓу Израел...

Подготвени сме да дејствуваме како гарант во решавање на војната помеѓу Израел и Хамас






Турција е подготвена да дејствува како гарант за да помогне во решавањето на војната помеѓу Израел и Хамас, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на средбата во Ташкент со иранскиот колега Ебрахим Раиси.

Претходно, Ердоган на Самитот на Организацијата за економска соработка (ЕЦО), што се одржува во главниот град на Узбекистан, го обвини Израел за фанатизам во неговите акции во Појасот Газа.

Турскиот претседател првично се обиде да преземе улога на посредник во конфликтот помеѓу Израел и Хамас, за подоцна да го обвини Израел за злосторства против човештвото. Турција минатата недела го отповика својот амбасадор од Израел.

Додека Иран е најголемиот поддржувач на Хамас, снабдувајќи ја групата со оружје и обука на милитанти изминатите години.

МИА

– Реклама –








ПредходнаЗа осум години 250 илјади албански граѓани ја напуштиле Албанија
СледнаДИЖС најави санкции за четири правни и две физички лица за отпадот во Орман