дома Uncategorized Де Ниро го загуби судскиот спор против поранешната асистентка

Де Ниро го загуби судскиот спор против поранешната асистентка


Компанијата на Роберт Де Ниро ќе мора да ѝ плати на поранешната вработена 1,2 милиони долари во врска со нејзините обвинувања дека славниот актер ја навредувал врз родова основа и ја понижувал.

Грејем Чејс Робинсон го тужеше актерот откако даде отказ во неговата компанија „Canal Productions“ со тврдење дека била злоставувана, понижувана, недоволно платена и дека Де Ниро ја третирал како негова „канцелариска сопруга“. Таа бараше отштета од дури 12 милиони долари.

Актерот и неговата компанија одговорија со контратужба, но судот пресуди во полза на Грејем Чејс Робинсон. Во граѓанската парница поротата, сепак, утврди дека Роберт Де Ниро не е лично одговорен.

Робинсон работела кај Де Ниро 11 години. Ја добила работата во 2008 како негова лична асистентка, а потоа беше унапредена во потпретседателка за продукција и финансии во компанијата.

Откако поднела отказ во 2019 година го тужеше актерот „за емоционална болка и повреда на угледот“, тврдејќи дека тој често ѝ упатувал вулгарни, непристојно и родово изразени коментари, како и дека ѝ доделувал стереотипни „женски работни обврски“.

Де Ниро во текот на судењето негираше дека ја навредувал, иако призна дека понекогаш можеби бил лошо расположен.

Славниот актер глумеше во многу култни филмови како „Кум“, „Ловец на елени“ „Таксист, „Разбеснетиот бик“, „Беше еднаш во Америка“, „Добри момчиња“, а неговата последна улога беше во филмот на Мартин Скроцезе „Убијци на цветната месечина“ кој моментално се прикажува низ кино-салите.



ПредходнаЏиџи Хадид во љубовна врска со Бредли Купер
СледнаУбиецот на таткото во Драчево, пуштен на пробен домашен престој од психијатриската болница „Бардовци“