дома Македонија Црна хроника Пукање во локал во Чаир – тешко ранети две лица, настрада и...

Пукање во локал во Чаир – тешко ранети две лица, настрада и доставувач


Вчеравечер во 22:35 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени О.О. (25) и О.Е. (29), осуденик од КПУ Штип, пуштен на отсуство, двајцата од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и по извршен службен разговор било констатирано дека двете лица, сопственици на угостителски објект на подрачјето на Чаир, биле повредени од Е.Џ. и Е.Н., кои пукале со пиштол кон нив, откако претходно со закана одзеле пари и храна од лице кое било вработено во угостителскиот објект како доставувач, велат од МВР.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



ПредходнаОперската претстава „Набуко” утре во Национална опера и балет
СледнаДетали од СВР Велес за тешка сообраќајка: Се судриле товарно возило и комбе, повредени се 16 лица