дома Македонија Економија Во септември Македонија ја посетиле 90.000 странски туристи

Во септември Македонија ја посетиле 90.000 странски туристи


Бројот на ноќевањата во септември 2023 година изнесува 256 831, од кои 34.3 % се од домашните, а 65.7 %

Во земјава во септември годинава се евидентирани 124 800 туристи, од кои 34 769 (27.9 %) се домашни, а 90 031 (72.1 %) се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во септември 2023 година изнесува 256 831, од кои 34.3 % се од домашните, а 65.7 %
од странските туристи.

Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0.5 %, а кај странските за 40.3 %.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10.2 %, и тоа кај домашните туристи за 1.5 %, а кај странските за
24.7 %.



ПредходнаШетал гол низ зграда во Битола и мастубрирал пред комшиите
СледнаИстрагата за саботажата на гасоводот Северен поток води кон Украина