дома Македонија Црна хроника Казнети 239 возачи | NetPress

Казнети 239 возачи | NetPress


Во текот на вчерашниот ден (12.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 239 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 87 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.



ПредходнаКое е следното ниво кон иднина без чад?
СледнаСе запали автомобил во Велес