дома Uncategorized Откако го затворија Боки 13, Лила нејќе очи да му види на...

Откако го затворија Боки 13, Лила нејќе очи да му види на Варошлија – ја сретнал во Лептокарија, па започнала панично да му вика!


Македонскиот стилист Сергеј Варошлија во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров првпат во детали јавно проговори за својот однос со Лила Филиповска.

Варошлија и познатата водителка и инфлуенсерка во јавноста се прикажуваа како најдобри другари, но по апсењето на шоуменот и бизнисмен Бојан Јовановски тие престанаа да комуницираат.

На прашањето на Лазаров во каков однос е со Лила, Сергеј му одговори дека тоа треба нејзе да ја праша.

„Не сум во никаков однос со Лила. Лила треба да го демистифицира еден ден тоа, но знаејќи ја неа нема никогаш да го направи тоа. Во одреден момент, не знам, од три четири месеци откако се случи се’, она не’ изблокира на телефон и мене и мајка му на Бојан и ги избриша сите слики од „Инстаграм“ со мене.. и рече.. Никако веќе немојте да ми се јавувате.. И не’ блокна“, раскажува Варошлија.

Тој на гледачите им откри дека по одреден период се сретнале во Лептокарија. Кога го видела, наводно се вознемирила и го замолила да не ѝ приоѓа.



ПредходнаДве години МТЕЛ на македонскиот пазар, две години иновации и задоволни корисници
СледнаОд индустријата за игри на среќа во Македонија леб јадат речиси 50.000 семејства