дома Uncategorized Почина британскиот актер Џос Екланд

Почина британскиот актер Џос Екланд


Британскиот актер Џос Екланд, познат по улогите во филмовите „Смртоносно оружје 2“ и „Лов на Црвениот октомври“, починал во неделата на 95-годишна возраст, пренесува BBC.

„Почина утрото од старост опкружен од семејството. Беше луциден, ерудит и палав до самиот крај“, изјавил за The Times on Sunday неговиот агент Пол Пирсон.

Екланд глумеше со Мел Гибсон и Дени Гловер во филнот на Ричард Донер од 1989 година „Смртоносно оружје 2“. Го толкуваше главниот антагонист Арјен Руд.

Го глумеше и Андреј Лисенко во „Лов на Црвениот октомври“ од 1990 години, во кој настапија Алек Болдвин, Шон Конери, Џејмс Ерл Џонс и Тим Кари, како и во други филмови во 1980 и 1990-те години.

Во неговата кариера се истакнува и улогата на Хуан Перон во екранизираниот мјузкл „Евита“ на Ендрју Лојд Вебер во кој настапи и поп-иконата Мадона.

Екланд глумеше во повеќе од 100 филмови и телевизиски серии, а во 2011 година за BBC изјави дека глумел во некои „грозни филмови“, бидејќи бил работохоличар.



ПредходнаОткако го избркаа сега повторно го молат Сем Алтман да се врати како извршен директор
СледнаПотрес во компанијата што го лансира ChatGPT, Сем Алтман сепак не се враќа на главната позиција < Опсервер