дома Uncategorized Промоција на монографија посветена на Јордан Манасијески во среда во МАНУ

Промоција на монографија посветена на Јордан Манасијески во среда во МАНУ


Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на големиот македонски уметник Јордан Манасијески од Охрид, чиј автор е проф. д-р Владимир Величковски.

Ако се земат во вид обемот на делото 480 страници – тврд повез, со преку 300 репродукции во боја и двојазичниот текст на македонски и англиски јазик, монографијата е од енциклопедиско значење. Таа содржи критички осврти од повеќе историчари на уметност и тоа: Салваторе Русо – Италија, Рути Такер – САД, Санда Станачев Бајзек – Хрватска, Драган Јовановиќ Данилов – Србија, Бисера Валева – Бугарија и од македонските критичари и вљубеници во уметноста Никола Николовски, Зекман Ракиповски,писателите Киро Донев, Трајан Мартиновски и новинарот Милчо
Јованоски.

Ова издание претставува епилог на целокупната досегашна уметничка кариера на Манасијески, во која се документирани настаните од домашната и меѓународната уметничка сцена: промоции, изложби, учества на Интернационални уметнички салони за модерна уметност и добиени награди. Дополнителен акцент е даден и на изработката на стриповите, кои опфаќаат еден голем дел од неговата уметничка кариера, а претставени се и мал дел од неговите преку 2.000 идејни дизајнерски
решенија.

Подготовката на монографијата траеше повеќе од шест години, техничката подготовка и графичкиот дизајн го изработи Боби Ќосев, а уредник на монографијата е неговиот долгогодишен промотор во светот Љупчо Жупан.

Промоцијата на монографското издание е закажана за 22. ноември во 13 часот во Ликовниот салон на МАНУ (Македонската Академија на Науките и Уметностие) во Скопје. По тој повод поздравна реч ќе одржи претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев а промотор ќе биде проф. д-р Ивица Џепаровски.



ПредходнаУслов за да влеземе во идната влада ќе биде Талат Џафери да оди во затвор
СледнаБочварски: „МЖ – Транспорт“ не си ја врши работата, од почетокот на идната година ќе ги отвориме вратите за други оператори