дома Македонија Црна хроника Избувна пожар во магацин во тетовско, побарана помош од пожарникари од неколку...

Избувна пожар во магацин во тетовско, побарана помош од пожарникари од неколку градови


Пожар избувна околу 10 част и 30 минути во магацин на трговска фирма со материјали за електротехника и железарија во близина на тетовското село Фалише. Во гаснењето на пожарот интервенираат пожарникарите од тетовската територијална противпожарна единица.

-Пожарот е пријавен во СВР Тетово, полицајци го обезбезбедуваат местото. Засега немаме информациите за повредени лица, информираат од СВР Тетово.

На лице место е и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Од ЦУК информираат дека од страна на Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.

-Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

Поради густа нмагла во Тетово не е дозволено гасење на пожар од воздух во овој момент.

Фото: ЦУК



ПредходнаКорпоративен прием по повод јубилејот 20 години од ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО
СледнаХамас ги објави деталите од договорот за хуманитарно примирје во Газа