дома Uncategorized На фармер во Словенија инспектори му ги одзеле кравите бидејќи биле валкани

На фармер во Словенија инспектори му ги одзеле кравите бидејќи биле валкани


Четири дена откако во Словенија стапи на сила измената на Законот за заштита на животните, со која инспекторите можат да ги одземат доколку се открие дека одгледувачите ги чуваат во нехумани услови, од еден фармер биле одземени 24 крави, пренесува порталот Агроклуб.

Минатата недела во село кај Кршко ветеринарен инспектор без никакво најава и предупредување одзел 24 говеда од фармата на семејството Можган.

Според официјалното соопштение, животните биле наводно запуштени, јавува Моја Долењска.

Но, она што следеше ги остави без зборови јавноста и сточарите низ Словенија и соседството.

Во извештајот од увидот за одземањето наводно не е наведено што точно сторил одгледувачот, ниту пак колку животни се одземени.

Порталот наведува дека сопственикот бил шокиран и негира дека животните биле запуштени, а тоа што биле калливи го оправдува неповолното време, односно честите и обилни врнежи во околината.

„Ние не одгледуваме крави за да ги мачиме“, вели Можган, сопственик на стадо вредно 50.000 евра.

Во локалната Агенција за безбедност на храна за медиумите кусо изјавија дека добитокот е ограден во мал одвод, дека просторот е многу каллив, без пристап до вода и храна.



ПредходнаУапсен скопјанец кој избегал од кумановскиот затвор, осуден за убиство
СледнаБлаг пад на Волстрит по петте дена раст