дома Uncategorized Невообичаена кражба во Германија, крадци украле 16.000 четкички за заби

Невообичаена кражба во Германија, крадци украле 16.000 четкички за заби



Крадците кои упаднаа во складиште за логистика во западна Германија успеале да украдат 2.000 телевизори и 16.000 електрични четкички за заби, соопшти полицијата.

Неидентификувани крадци од магацин во градот Дуизбург успеале да побегнат и со сеф тежок повеќе од 100 килограми, јавува Хина, а пренесе загрепската N1.

Пленот бил проценет на 1,4 милиони евра.

Упадот се случил минатиот викенд, но во вторникот било објавено полициското соопштение.

Според полицијата, крадците упаднале во зградата преку прозорец. Веројатно им биле потребни неколку камиони за да ги однесат илјадниците украдени предмети.
Полицијата во моментов ги анализира индициите на местото на злосторството и снимките од видео надзорот, а се надева и на помош од очевидци.



– Реклама –

ПредходнаНема ЕУ проширување без укинување на едногласното одлучување
СледнаСкопското семејствo Рубен – приказната за познатата куќа МЦМ