дома Македонија Црна хроника Убиство во Крива Паланка – бил пронајден починат во својот дом, а...

Убиство во Крива Паланка – бил пронајден починат во својот дом, а обдукцијата покажала дека се работи насилна смрт


Седумдесет и шестгодишник од Крива Паланка завчера бил пронајден починат во својот дом, а обдукцијата покажала дека се работи за убиство.

– На 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д.(76) од Крива Паланка, кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје констатирано е дека се работи за насилна смрт, односно убиство, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Оттаму додаваат дека ОВР Крива Паланка презема мерки за расчистување на случајот.



ПредходнаАнгеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно
СледнаВо италијанска таверна пронајден рецепт за храна стар 400 години