дома Свет Хамас ги објави деталите од договорот за хуманитарно примирје во Газа

Хамас ги објави деталите од договорот за хуманитарно примирје во Газа






Исламистичкото движење Хамас објави соопштение за деталите договорот со Израел за примирје.

„По неколкудневни преговори, објавуваме, со помош и водство на Семоќниот Алах, постигнување договор за хуманитарно примирје (привремен прекин на огнот) во траење од четири дена. Овој резултат е потврда за упорните и за пофални напори на Катар и Египет“, се наведува во соопштението.

Во соопштението за медиумите се наведуваат следните услови од договорот: Прекин на огнот во Газа; Зголемен влез на камиони со хуманитарна и медицинска помош и гориво во сите делови на Појасот Газа; Ослободување на 50 заложници, израелски жени и деца помлади од 19 години, во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца во израелските затвори; Без израелски воздушен сообраќај во јужниот дел на Газа четири дена; Израелците нема да имаат воздушен сообраќај во северниот дел на Газа шест часа дневно, од 10 до 16 часот; Слобода на движење за цивилите, особено по патот Салах ал Дин.

„Условите на овој договор беа формулирани со визија да му служиме на нашиот народ и да ја зајакнеме неговата непоколебливост пред агресијата, секогаш имајќи ги предвид жртвите, страдањата и грижите“, се посочува во соопштението на Хамас.

МИА

– Реклама –








ПредходнаИзбувна пожар во магацин во тетовско, побарана помош од пожарникари од неколку градови
СледнаДевет луѓе повредени при експлозија на рачна бомба во Призрен