дома Македонија Црна хроника Приведен германски државјанин во Аеродром баран со меѓународна потерница

Приведен германски државјанин во Аеродром баран со меѓународна потерница


Во Скопје, во населбата Аеродром припадниците на МВР од слобода лишиле германски државјанин баран со меѓународна потерница.

Денеска (23.11.2023) околу 18:00 часот на ул. „Руди Чаевац“ во Скопје од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва“, лишен од слобода е П.Д.Р. (36) од Визбаден, Германија, кој бил баран по меѓународна потерница за недозволена трговија со дрога.

Лицето е лишено од слобода и предадено во ПСОН Аеродром за понатамошна постапка.



ПредходнаБугарија со закани, притисоци и поткуп во обид за асимилација на македонската заедница во Албанија
СледнаКривична пријава против организирана група непознати лица за бесправно градење за „музејот на УЧК“ во Сопот