дома Македонија Црна хроника Приведени тројца тинејџери и тројца малолетници, со закана ограбиле младо момче

Приведени тројца тинејџери и тројца малолетници, со закана ограбиле младо момче


На 23.11.2023 на подрачје на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ш.(19), Р.М.(18), Н.Т.(18) и тројца малолетници, сите од Скопје.

-Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во Градски парк на подрачје на Карпош со закана од А.Т.(20) од с.Ржаничино, скопско, одзеле пари и личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.



ПредходнаВелика Британија го освои првото светско првенство во собирање ѓубре
СледнаНајдобриот Black Friday шопинг е во Fashion Group!