дома Култура Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024...

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година


Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес – манифестацијата „Град на културата во 2024 година“.

Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на националниот портал за е-услуги „https://uslugi.gov.mk“, почнувајќи од денеска во 8:00 часот, заклучно со 29 декември 2023 година во 23:55 часот.

Од Миинстерството соопштија дека на конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Северна Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата „https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx“, како и преку контакт-центарот на националниот портал за е-услуги.

„Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава“, велат од Министерството.

„Град на културата“ во 2023 година беше Крушево, чија комплексна и содржајна програма се одвиваше под мотото „Крушево – жив споменик на културата“. Општина Крушево, во годината кога се одбележа и 120 години од Илинденското востание, пулсираше во ритамот на македонската култура и го промовираше македонскиот идентитет и посебност.

Извор: mia.mk

– Реклама –

ПредходнаБританија е на пат кон повторно приклучување во ЕУ
СледнаНа Google Drive исчезнуваат фајлови