дома Култура Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет вечерва и на 1 декември, со почеток во 20.00 часот.

Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режијата е на Нина Најденова од Бугарија. Сценографијата е на Елена Иванова од Бугарија, костимограф е Марија Пупучевска, светло дизајн, Васил Лисичов.

Вечерва, во насловната улога ќе настапи гостинката од Србија, мецосопранот Сања Анастасиа, а во улогата на Дон Хозе ќе настапи Зоран Сотиров. Како Ескамилио ќе настапи Ристе Велков, а во улога на Микаела, Катерина Стојановска. Во останатите улоги ќе се појават: Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Тихомир Јакимовски.

На 1 декември ќе настапат: Сања Анастасиа од Србија, Зоран Сотиров, Васко Здравков, Елена Голомеова, Ана Ројдева – Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Тихомир Јакимовски.

Настапува хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националната опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје под раководство на Весна Димчевска.

Извор: mia.mk

ПредходнаОдлука за прекин на издржувањето казна затвор за Бојан Јовановски
СледнаЈа поддржуваме креативноста која носи промени и е двигател на економијата