![nafta 02](https://provereno.mk/wp-content/uploads/2023/11/Назнаките-за-дополнително-намалување-на-понудата-ја-подигна-цената-на.jpg)
Цените на нафтата се искачија над 84 долари за барел на меѓународните пазари во четвртокот под влијание на информациите од групата водечки производители дека следната година може уште повеќе да ја намалат понудата.
На лондонскиот пазар во попладневното тргување цената на барелот со датуми на испорака во јануари беше за 91 цент повисока од вчерашното затворање на трговувањето и изнесуваше 84,01 долар. Вчера ја затвори трговијата со добивка од 1,42 долари. Во Лондон денеска поактивно се тргуваа со барели со датуми на испорака во февруари, по цена од 83 центи повисока, 83,71 долар.
Речиси за исто толку поскапе и цената на барелот на американскиот пазар и достигна 78,67 долари. Вчера ја затвори трговијата во плус од 1,45 долари.
Оранизацијата на земите извознички на нафта (OPEC+) одделно објави дека барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки во средата поскапе за 49 центи на 83,89 долари.
Пазарот од почетокот на седмицата е фокусиран на состанокот на OPEC и нејзините сојузници, вклучително и Русија, особено по четиридневното одложување поради, како што велат изворите, спорот околу производните квоти за 2024 година.
Во средата, цените пораснаа откако два извори од OPEC+ изјавија дека разговараат за поизразено намалување на понудата во првиот квартал од 2024 година, иако сè уште не е јасно колку долго ќе биде намалувањето и колку барели ќе загуби пазарот. Во зависност од исходот од денешните преговори на членките, OPEC+ би можел да постигне договор со кој би се намалило производството за вкупно речиси два милиона барели дневно, изјавил еден извор за Reuters.
Но Инвеститорите сѐ уште чекаат официјално соопштение од денешната средба и детали за квотите.
„Кој ќе треба да го намали производството? И за колку време?”, го постави прашањето Калум Макферсон од „Investec“.
Заедничкиот министерски комитет за следење на OPEC+ познат како JMMC го заврши својот состанок во четвртокот без препораки за нивоата на производство во 2024 година, изјавиле тројца претставници за Reuters, додвајќи дека сега се чекаа средбата на министрите.
Малку подоцна во четвртокот, рускиот вицепремиер Александр Новак изјави за руските медиуми дека земјите од групацијата OPEC+ одлучиле да ги намалат испораките на нафта за повеќе од два милионa барели дневно во првиот квартал на 2024 година, од кои милион барели ќе отпаѓаат на Саудиска Арабија, 500.000 барели на Русија, а останатите страни во договорот ќе го намалат производството на нафта за дополнителни 700.000 барели на дневно ниво.
„Понатамошното намалување на понудата ќе ги зголеми цените во блиска иднина, но долгорочниот ефект од овој потег е потешко да се предвиди“, смета Тамас Варга од PVM.
„Усогласеноста со договорот ќе биде оспорувана, а глобалната понуда веројатно не е толку густа како што проценува OPEC“, додава Варга посочувајќи на податоците за комерцијалниот залихи во САД и влијанието на високите каматни стапки врз побарувачката во многу големи економии.
Leave a Reply