дома Uncategorized Во Африка запрено тестирањето на вакцината за ХИВ поради слабите резултати

Во Африка запрено тестирањето на вакцината за ХИВ поради слабите резултати


Испитувањата на експерименталната вакцина за ХИВ во Уганда, Танзанија и Јужна Африка беа прекинати рано откако прелиминарните податоци покажаа дека вакцината нема да биде ефикасна во спречувањето на инфекцијата, изјави денеска главниот истражувач на програмата.

Тоа е последниот удар врз напорите да се најде ефикасна вакцина против вирусот, кој досега уби 40 милиони луѓе ширум светот. Уште 39 милиони живеат со ХИВ, а повеќето од нив се во Африка.

Испитувањето на вакцината, дел од пошироката иницијатива наречена PrEPVacc, започна во декември 2020 година со 1.512 здрави луѓе на возраст меѓу 18 и 40 години, а требаше да заврши во 2024 година.

МИА

– Реклама –

ПредходнаПочна амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година
СледнаДанска со закон го забрани палењето на Куранот, за критичарите тоа ја поткопува слободата