дома Македонија Црна хроника Ограбена спортска обложувалница, три лица се заканиле на вработената

Ограбена спортска обложувалница, три лица се заканиле на вработената


Денеска (07.12.2023), полициски службеници од ЕВР Чаир ги лишиле од слобода М.Д.(35), Р.К.(33) и А.И.(36), сите од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 22:25 часот на 06.12.2023 во спортска обложувалница на подрачјето на Шуто Оризари со закана кон вработената oдзеле пари од касата.

При претрес во домот на М.Д.,  извршен со судска наредба,  биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот, ЕВР Чаир до ОЈО Скопје ќе поднесе соодветна пријава.



ПредходнаЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 120,26 евра за мегават час, на МЕМО 122,53 евра за мегават час
СледнаИстражување: Британците за Божик ќе трошат повеќе пари на домашните миленици отколку на своите партнери