дома Uncategorized Последниот филм на Скорезе со Ди Каприо и Де Ниро прогласен за...

Последниот филм на Скорезе со Ди Каприо и Де Ниро прогласен за филм на годината



Последниот филм на Мартин Скорцесе „The Killers of the Flower Moon“ (Убијци на цветната месечина) со Леонардо ди Каприо и Роберт Де Ниро, за истребувањето на индијанското племе Осиџ во Оклахома е прогласен за најдобар филм во 2023 од страна на американските филмски критичари.

Ова е втора голема награда за Скорцесе чиј филм беше прогласен за најдобар во 2023 од страна на филмската критика на Њујорк.

„’Убијци на цветната месечина’ е одушевувачко ремекдело на еден од најголемите режисери Мартин Скорцесе. Горди сме да ја доделиме оваа награда на комплексниот и длабок филмски еп на Скорцесе“, изјави претседателката на AFK, Ани Шулхоф.

Филмот освои награди и за најдобра режија и за кинематографија.

Три награди освои и „Холдоверс“ за најдобра машка улога Пол Џиамати, за споредна женска улога и за сценарио. Победникот на венецискиот фестивал „Кутри нешта“ на Јоргос Лантимос освои две награди за споредна машка улога Марк Рафало и за адаптирано сценарио.

Гала свеченоста на која ќе бидат доделени наградите ќе се одржи на 11 јануари во Њујорк.

– Реклама –

ПредходнаНаместо пакетот од милијарди, Украина доби утешни 175 милиони долари помош од САД
СледнаОЈО отвори истражна постапка и побара притвор за возачот на Палевски