дома Култура Љубовта не треба да боли, пудрата не ги прикрива лузните од насилство!

Љубовта не треба да боли, пудрата не ги прикрива лузните од насилство!






Симболично, со делење на летоци, пудра, чадори и беџови, активистите за родова еднаквост во Гостивар се приклучија во одбележувањето на кампањата „16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата“. Студеното време не ги спречи да го реализираат зацртаниот настан на градскиот плоштад, каде поставија штанд и го делеа симболичниот материјал на минувачите пренесувајќи силни пораки.
„Како и претходните години се приклучуваме на кампањата против родово базирано насилство и семејно насилство. За оваа цел во регионот на Гостивар, организиравме неколку активности, да се сензибилизира општеството за проблемот и за последиците од насилството. Годинава акцентот е ставен на тоа дека треба сите заедно да делуваме и на некој начин да ги браниме жртвите на насилство. Ние решивме низ симболичните подароци што ги делиме да пренесеме повеќе пораки како: Лузните од насилството не се прикриваат со пудра, Љубовта не треба да боли, и за тие што вршат насилство во смисла: Ако јас трпам болка, тоа е твој срам.“, изјави Себајете Зенку, претседателка на Центар за женски права „Етика“ , организатори на активноста, заедно со Здружението за обезбедување социјални услуги „Социо“ од Гостивар.

Како долгогодишен активист за женски права и борец против семејното насилство, Зенку изразува особено задоволство што за прв пат на подрачје во Полог се отвора засолниште за жртви на семејно насилство:
„Објектот ни е среден, подготвен, се чека само на процедурата за лиценца од надлежното Министерство, за да може да кажеме дека официјално функционираме.“, рече таа.

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска

Извор








ПредходнаПремиера на „Поткровје“ на режисерот Александар Ивановски во МНТ
СледнаДобитник на 40 милиони долари на лото целата добивка ја донирал, причината е потресна