дома Популарно Доминацијата на ДУИ со само 13 пратеници ја потврдува определбата на СДСМ...

Доминацијата на ДУИ со само 13 пратеници ја потврдува определбата на СДСМ по секоја цена да биде на власт


Демократскиот сојуз соопшти дека не поддржува формирање на Техничка Влада, а уште помалку со премиер од редовите на ДУИ.

Од партијата предупредуваат дека  со тоа што ќе се формира техничка влада која, велат, дополнително ги суспендира и крши одредбите и начелата на соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, се крши Охридскиот рамковен договор и Амандман 6 од Уставот.

„Со доминацијата на ДУИ, која има само 13 од вкупно 120 пратеници, се покажува и потврдува определбата на СДСМ по секоја цена да биде на власт, не водејќи сметка за националните и државни интереси, како и за интересите на мнозинскиот македонски народ“, велат од Демократски сојуз.

Тие предупредуваат дека ваквата политика нема поддршка од мнозинството граѓани и дека не поминуваат манипулациите дека тоа било некаков Европски фронт и слично.

„Овој преседан кој го наметна Ковачевски има силни рефлексии на меѓуетничките односи, како и на натамошна ДУИзација и криминализација на државата, неодговорноста и неказнивоста на политичката мафија која владее со Македонија“, се додава во реакцијата.

Од партијата на Павле Трајанов потенцираат дека тие се за граѓански концепт и функции да добиваат најспособните, без разлика на етничка, верска или партиска припадност.

„Тоа треба да важи за сите етнички заедници, без Бадентер и Балансер. Не може овие правила да се злоупотребуваат само во интерес на ДУИ“, категорични се од партијата.

– Реклама –

ПредходнаСопственикот пронајден мртов во опожарена куќа во Кичево
СледнаДве бебиња диносауруси пронајдени во фосил од тираносаурус откриваат нов начин на исхрана