дома Популарно Ако ЕУ неделава не отвори преговори со Украина тоа ќе има погубни...

Ако ЕУ неделава не отвори преговори со Украина тоа ќе има погубни последици






Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги предупреди лидерите на Европската Унија дека ако не успеат да се согласат да ги отворат преговорите за членство со Киев на нивниот Самит оваа недела, тоа ќе има „погубни последици“.

„Не можам ни да замислам“, им рече Дмитро Кулеба на новинарите во Брисел.

„Не сакам ни да зборувам за катастрофалните последици што ќе се случат доколку Советот не ја донесе таа одлука“.

Самитот на лидерите на ЕУ се одржува на 14 и 15 декември, на кој треба да се донесе одлука за интегративните перспективи за Украина, Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина.

– Реклама –








ПредходнаБитиќи очекува следната година инфлацијата да биде од 2 до 2,5 отсто исто како и растот на БДП
СледнаЗа време на божиќните празници Италијанците фрлаат 500.000 тони храна