дома Македонија Економија Т Бизнис конференција – за нови дигитални перспективи

Т Бизнис конференција – за нови дигитални перспективи


  • Клаудификација, сајбер безбедност и ИКТ решенија во фокусот
  • Најава за револуционерно паметно решение за телемедицина

Македонски Телеком организираше еднодневна бизнис конференција, за повеќе од 300 посетители, со цел да мотивира помасовно користење на дигиталните решенија, но и да презентира иновации за иднината.

Сајбер безбедноста, клаудификацијата на бизнисите, хибридните дата центри и решенијата за паметен град беа во фокусот на конференцијата. Експерти од Македонски Телеком и од Дојче Телеком ја споделија својата експертиза и отворија дискусија на овие теми.

„Дигиталната трансформација е процес од кој зависи нашата иднина. Веруваме дека дигиталните решенија се одговор на предизвиците на модерното време и тука сме да го помогнеме дигиталниот раст на бизнисите, институциите и целото општество“ – изјави Марјан Богатиновски, Главен директор за деловни корисници на Македонски Телеком.

https://www.youtube.com/watch?v=HNEcm9RYGdo

Дел од решенијата коишто беа презентирани, како што се хибриден дата центар, безбедносен оперативен центар, решенија за паметен град и дигитална канцеларија се дел од портфолиото на Македонски Телеком и го поттикнуваат развојот на бизнисите и институциите.

Освен постојните, се презентираше и ново оригинално решение за управување со електрична енергија, коешто е креирано и произведено од Македонски Телеком. Се најави и развој на иновативно решение за телемедицина, коешто ќе направи целосен пресврт во медицината во наредните години.

Повеќе на следниот линк.



ПредходнаМадрид подготвува рестрикции за претстојните празници, улиците ќе се затвораат за туристи
СледнаНишто нема да нè спречи да го уништиме Хамас