дома Популарно Гладните во Газа запираат камиони на ОН, ја земаат храната и веднаш...

Гладните во Газа запираат камиони на ОН, ја земаат храната и веднаш ја јадат






Генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА), Филипо Лазарини, денеска изјави дека гладните луѓе запираат камиони со хуманитарна помош во Појасот Газа и додаде дека е се потешко да се обезбеди помош за цивили поради турканиците пред засолништата.

-Луѓето запираат камиони со хуманитарна помош, ја земаат храната и веднаш ја јадат, изјави Лазарини за новинарите во Женева, пренесуваат британските медиуми.

Лазарини додаде дека во Газа има се повеќе гладни луѓе и дека хуманитарните работници на ОН сè почесто се среќаваат со луѓе кои „не јаделе еден, два или три дена“.

– Реклама –








ПредходнаВојната против Хамас во Газа ќе трае „повеќе од неколку месеци“
СледнаОдбиени 19 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ во амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2024 година