дома Свет Украинското МВР го стави на потерница рускиот патријарх Кирил

Украинското МВР го стави на потерница рускиот патријарх Кирил

49





Украинското Министерство за внатрешни работи го стави на потерница Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил и соопшти дека тој „се крие од предкривичната истрага“.

Патријархот Кирил е на потерница на Службата за безбедност на Украина од 11 ноември, а меѓу денешните ажурирани податоци од базата на украинското МВР, заедно со фотографијата на патријархот и световното име Владимир Гундјаев, како превентивна мерка се споменува и притвор.

На почетокот на ноември, властите во Киев објавија дека патријархот Кирил во отсуство е обвинет за задирање во територијалниот интегритет и неповредливост на Украина, но тогаш по него не беше распишана потерница.

МИА

– Реклама –








ПредходнаИконите се враќаат дома – приказна за пријателството и отворените општества
СледнаЛицата со попреченост се злоупотребени во предизборните кампањи, се сликаат со нив, им ветуваат, а не исполнуваат!