дома Култура нова песна на младите гостиварци Теди & Лујо

нова песна на младите гостиварци Теди & Лујо

48





„Ноќва“ е насловот на новата заедничка песна на младите гостиварци Теодора Матеска и Љубе Цветкоски, која деновиве беше промовирана на Youtube. Се работи за нивно авторско дело, односно текстот и музиката се на Љубе Цветкоски, продукцијата на Андрејник, снимено во студиото на групата „Twelve“ во Гостивар.

Заследете нѐ на Телеграм

Теодора има 19 години и студира фармација, додека 22 годишниот Љубе е студент на медицински факултет.
Ова авторско музичко дело претставува не само израз на талентот туку и доказ за нивната упорност и ентузијазам. Двајцата ја сакаат музиката и пеењето, „Ноќва“ е нивна втора песна.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“| МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ |Гостинка:Благица Димитровска

Извор








ПредходнаСо проекција на филмот „Кафе“ почна специјалната програма на „Киненова“
СледнаСвета архиерејска литургија во Гостивар