Home Култура Од 2024 година скрининг за карцином на дебело црево

Од 2024 година скрининг за карцином на дебело црево

0
Од 2024 година скрининг за карцином на дебело црево

Министерството за здравство во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања, која покрај скринингот за рана детекција и скрининг за рак на дојка, ги опфаќа и скринингот за карциноми на грлото на матката, соопштуваат од Министерството за здравство, а се наваува и почеток на скрининг за карцином на дебело црево.

Заследете нѐ на Телеграм

„Од 2024 година се надеваме дека ќе започнеме и со скрининг за карцином на дебело црево, благодарение на сите подготвителни активности на Министерството за здравство, заложбите на министерот за здравство, Фатмир Меџити и заменик министерката, Маја Манолева, како и ентузијазмот на докторите бидејки еден скрининг процес е многу комплексен. Скринингот на карцином на дебело црево ќе се прави исклучиво само на ЈЗУ Клиника за ГЕХ, согласно стандардите и ЕУ директивите кои ги следиме. Сите овие директиви во форма на задачи беа зададени на МЗ според кое што беа прилагодувани во сите три скрининг програми во текот на годината. Ќе има комплетно нова амбуланта финансирана од МЗ, нов комлетен колоноскопски кабинет, комплетна опрема, додека во однос на кадар клиниката, се наведува, веќе располага со квалитетен и обучен кадар“, наведуваат од МЗ.
Што се однесува за скрининг на рак на дојка од МЗ информираа дека во тек на 2022 и 2023 година се набавени голем број апарати, најсофистицирана опрема односно дигитална мамографија во Општа Болница Куманово, Струмица, Дебар и ОБ Тетово, ОБ 8ми Септември и Институтот за Радиологија, нови мамомати со можност за стереотакса и томосинтеза.
Во план за јавни набавки се ставени и одредени коили. Тоа, се појаснува, се додатоци на магнет, меѓу кои има и коил за дојка за да може во специјалистичките кабинети да се изведуваат и пософистицирани методи за дијагностика. Во моментот магнет за дојка работи само во ОБ 8ми Септември. Магнетот на дојка се прави на пациентки што се во помлада возраст, доколку имаат некои промени под 40 години, каде што мамографијата не е клинички индицирана.
 

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“|Тема: МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ|Гостинка: Благица Димитровска

Извор

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here