дома Економија Бензините со непроменета цена, дизелот поевтинува

Бензините со непроменета цена, дизелот поевтинува

53

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката, цените на бензините остануваат непроменети, а дизел горивото поевтинува за еден денар. За половина денар поевтинува е цената на екстра лесното масло за домаќинство.

Ова се цените на горивата од полноќ:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,920 (денари/килограм)



ПредходнаГраѓаните не се вознемирени од позитивната одлука на ЕУ за Украина, туку од неодговорните политичари кои ја повторуваат грешката од Букурешт во 2008-ма
СледнаНа изборите ќе победи европскиот блок предводен од СДСМ, прво на претседателските, па и на парламентарните