дома Култура Зошто е добро да се јаде грозје секој ден?

Зошто е добро да се јаде грозје секој ден?

45

Грозјето го подобрува здравјето на крвните садови, го прочистува организмот, ја намалува болката и го спречува воспалението.

Заследете нѐ на Телеграм

Постојат многу причини да се јаде барем едно гранче грозје секој ден. Нема да згрешите без разлика кој вид на грозје ќе го изберете, бидејќи секое од нив е богато со витамини и фолна киселина. Само 100 грама грозје содржи 25 отсто од препорачаната дневна количина на витамин Ц. Грозјето секако е една од најхранливите намирници бидејќи содржи калиум, јаглени хидрати, протеини, витамини А и Ц, калциум, железо, витамин Б6 и магнезиум.
Доколку го јадете редовно, ќе придонесе за детоксикација на организмот, позитивно ќе влијае на здравјето на срцето и крвните садови, бубрезите и кожата.
Ја подобрува меморијата
Црното грозје може да помогне да се забави развојот на заборавот кај постарите лица. До овој заклучок дошле научници. Полифенолите кои се наоѓаат во семките се одговорни за овој ефект на грозјето. Постојат индикации дека тие дури може да го намалат ризикот од Алцхајмерова болест.
Ја ублажува болката
Црното грозје може да ја намали болката, па затоа се препорачува во случај на напади на гихт или ревматоиден артритис. Содржи биофлавоноид познат како кверцетин, моќен антиоксиданс кој заедно со витаминот Ц го стимулира имунолошкиот систем да се бори против инфекции, рак и воспаленија. Покрај тоа, комбинацијата на антиоксиданси и витамин Ц ги ублажува болните симптоми на ревматоиден артритис во зглобовите и мускулите. Семките од грозје содржат и пикногенол, исто така антиоксиданс, кој помага во борбата против болките предизвикани од артритис, кардиоваскуларни проблеми, но и против стрес и алергии.
Добро е за срцето
Грозјето е богато со антиоксиданси и полифеноли важни за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести. Полифенолите од грозје можат да го намалат лошиот холестерол, да го намалат крвниот притисок и да го намалат воспалението, а сето тоа придонесува за подобра работа на срцето. Грозјето, исто така го спречува згрутчувањето на крвта.
Ги чисти бубрезите
Состојките од грозје, односно, антоцијанинот и ресвератролот, кои исто така се сметаат за силни антиоксиданти, играат клучна улога во борбата против слободните радикали кои можат да предизвикаат инфекции и болести. Тие исто така го чистат телото од токсични елементи како што е урична киселина. Затоа грозјето е одличен избор за детоксикација на бубрезите бидејќи помага во чистење на уринарниот тракт од нездрави киселини.
Го регулира шеќерот
Луѓето со висок шеќер во крвта често слушаат совети дека не треба да јадат грозје, особено затоа што содржи околу 20 грама прости јаглехидрати во количина што се вклопува во една чаша. Но, грозјето има низок гликемиски индекс (53), што значи дека нивото на гликоза во крвта постепено се зголемува, што овозможува добро регулирање на неговата концентрација. Во текот на некои научни студии, исто така, е утврдено дека грозјето содржи соединенија кои го намалуваат нивото на шеќер во крвта.
Ја регенерира кожата
Флавоноидите кои се наоѓаат во грозјето може да го намалат оштетувањето на клетките на кожата поради прекумерното изложување на ултравиолетовите зраци на сонцето. Ова зрачење е главната причина за проблеми со кожата, рак на кожата, изгореници и соларна еритема, како и предвремено стареење на дермисот и епидермисот. Затоа дерматолозите препорачуваат да ја искористите сезоната и да јадете што повеќе грозје бидејќи тоа добро ќе влијае на вашата кожа.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“| МАКИТЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ |Гостинка:Благица Димитровска

Извор

ПредходнаПремногу цивили се убиени во конфликтот Израел-Хамас
СледнаСо Палевски сме на дијаметрално спротивни страни, видете кој му помогна да регистрира партија