дома Македонија Обвинителството сè уште не го добило извештајот од судска медицина за Вања...

Обвинителството сè уште не го добило извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска

52





Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството.

Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, е во екстрадиционен затвор во Турција.

– Реклама –








ПредходнаСовршенство и магија на новогодишниот концерт на „Охридско лето“
СледнаВо Александруполи пристигна специјалниот танкер за складирање и регасификација, ќе ја снабдува и Македонија со природен гас