дома Црна хроника Пронајдена дрога во Чаир, уапсени се две лица

Пронајдена дрога во Чаир, уапсени се две лица

46

На 17.12.2023 во 16.10 часот на подрачје на Чаир, во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Единиците за интервентна полиција и за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Г.(40) и Г.Ѓ.(32), двајцата од Скопје.

При преглед кај нив, кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Г.Ѓ., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмет за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело „кражба“.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветни пријави.



ПредходнаИзречени 210 казни за брзо возење
СледнаИзречени 111 казни за непрописно престигнување