дома Македонија ИДФ суспендираше војници кои се снимале како се шегуваат и грицкаат чипс...

ИДФ суспендираше војници кои се снимале како се шегуваат и грицкаат чипс пред врзани Палестинци (ВИДЕО)

45

Израелската војска суспендираше група војници кои се снимале додека пушат наргиле, грицкаат чипс и се шегуваат додека пред нивните нозе во истата просторија се седнати уапсени Палестинци со врзани раце и очи.

Видеото беше објавено пред два дена и брзо стана вирално на интернет и наиде на осуда.

„Однесувањето на војниците на видеото е за осуда и е во целосна спротивност со вредностите на ИДФ (Израелските одбранбени сили)“, изјави портпаролот на израелската војска.

По сослушувањето, резервистите се суспендирани до понатамошно известување, додаде портпаролот.

Видеото снимено во градот Џенин на окупираниот Западен Брег за два дена го погледнале милиони корисници на социјалните мрежи.

На интернет кружат уште неколку видеа и фотографии на кои се гледа како израелски војници пребаруваат куќи, уништуваат стоки во продавници, се обидуваат да запалат залихи со храна или извикуваат расистички слогани во Појасот Газа.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаТрагедијата со Вања ни го покажа амбиентот кој го изградивме со толерирање нелуѓе кои пропагираат антицивилизациски „вредности“
СледнаТага во домот на Горан Бреговиќ: Семејството остана без еден член