дома Економија Цените на нафтата стабилни близу 78 долари

Цените на нафтата стабилни близу 78 долари

50
ASHAGAN-OIL/ REUTERS/Leon Neal/

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи инвеститорите и аналитичарите велат дека нападите на јеменските Хути врз бродовите во Црвеното Море немале големо влијание врз снабдувањето и поморската трговија.

Цената на барелот на лондонскиот пазар остана речиси непроменета од затворањето на претходнито трговски ден, на 78,04 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по непроменета цена од 72,46 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно извести дека барелот од референтната нафтена кошница на нејзините членки во понеделникот поскапел за 44 центи на 78,47 долари.

Во вторникот, САД објавија меѓународна операција за заштита на пловидбата во Црвеното Море, загрозена од нападите на Хат врз бродови. Вклучени се Обединетото Кралство, Бахреин, Канада, Франција, Италија, Холандија, Норвешка, Сејшелите и Шпанија.

Иако нападите врз бродови го зголемија ризикот, ефектот врз протокот на нафта најверојатно ќе биде ограничен, велат аналитичарите.



Предходна„Најголема лажна вест во историјата на државата“
СледнаТелескопот „Џејмс Веб“ направи извонредна фотографија од ледениот Уран и неговите прстени